Стефаноски продолжува да молчи пред растечките обвинувања
Редакцијата на Охридскај во продолжение на претходните истражувања, повторно го става во фокус работењето на Филип Стефаноски, сопственик на туристичката агенција ДМЦ Балкан.
Како што веќе информиравме нашите читатели, редакцијата на Охридскај на повеќе наврати пишуваше за сериозните сомневања околу противзаконското работење на оваа туристичка агенција. Во нашите претходни извештаи детално ги елабориравме прашањата поврзани со работењето на ДМЦ Балкан и нивните бизнис практики.
Како што веќе известивме, и покрај директно поставените прашања до Стефаноски и ДМЦ Балкан во нашите претходни текстови, редакцијата не доби одговор. Сопственикот Стефановски и неговата компанија продолжуваат упорно да молчат пред македонската јавност, поради сериозните обвинувања што ги поставивме против нив за серија кривични дела во нашите претходни истражувачки извештаи.
Нова димензија на случајот – откриена злоупотреба на ваучери
Но, како што нашата редакција и претходно нагласуваше, не е се така црно во работењето на ДМЦ Балкан и Филип Стефаноски – има и поцрна страна која вклучува и државен амин.
Редакцијата на Охридскај во продолжение на своите истражувања дојде до нови сознанија за дополнителна злоупотреба на Стефаноски, овој пат поврзана со ваучери кои се издаваа за ранливи категории граѓани.
Наместо овие ваучери да се користат за нивната првична намена – да им овозможат одмор на ранливите категории преку ДМЦ Балкан, се тврди дека Стефаноски ги присвоил и уновчил. Средствата добиени од ваучерите наводно се користат за изградба на етно села и уникатни куќарки за одмор.
Ексклузивен туризам наместо социјална грижа
Особено проблематично е тоа што изградените објекти не се користат за јавни цели, туку исклучиво за затворен круг гости – богати пријатели и нивни блиски пријатели на Стефаноски. Ова претставува драстична разлика од првичната намена на средствата кои требало да служат за помош на ранливите категории граѓани.
Државна поддршка за приватни интереси?
Дополнително, се тврди дека за овој луксузен проект Стефаноски добил и грант од Владата на Северна Македонија. Уште позагриижувачко е тоа што за скапите приватни настани (Журки,секс забавии останато) организирани за VIP гостите, наводно се добивало дури и субвенции од државата.
Политички контекст
Овие откритија доаѓаат во време кога Премиерот Мицкоски јавно говори за обиди на странски служби и центри на моќ, со домашни диверзанти, да ја рушат владата. Сепак, критичарите укажуваат дека вакви случаи на наводна злоупотреба на јавни средства создаваат незадоволство кај граѓаните и ја нарушуваат довербата во институциите.
Редакцијата на Охридскај ќе продолжи да ја следи оваа тема и ќе известува за сите нови развои. ДМЦ Балкан и Филип Стефаноски останува отворена можноста да одговорат на поставените прашања.
Сашо Денесовски