Вооружени членови на криминална банда киднапирале 18 жени и деца во северозападна Нигерија, соопштија локалните власти и очевидци.
Мажи од банда специјализирана за кражба на добиток и киднапирање за откуп го нападнаа селото Бирнин Зарма вчера во зори.
Киднапирањето се случило во државата Замфара, која, како и другите држави во северозападна и централна Нигерија, со години е цел на смртоносни напади од групи кои ограбуваат, палат и киднапираат жители.