Background

Војводата од Сасекс им нуди помош на ранетите војници

Принцот Хари попознат како војводата од Сасекс дошол во Киев на покана од украинската влада. Според извештаите на медиумите, причината за неговото доаѓање е да направи „сè што е можно“ за да им помогне на илјадниците ранети војници, пишува Индепендент.

Заедно со тим од неговата Фондација „Invictus Games“, која ја основал во 2014 година за да им овозможи на ранетите ветерани да учествуваат во спортски настани, Хари ќе претстави нови проекти за рехабилитација на ранетите во Киев, а се очекува овие програми подоцна да се прошират низ целата земја.

Според податоците на Европскиот форум за инвалидитет, до февруари, околу 300.000 луѓе останале со инвалидитет од последиците на војната.

- Advertisement -
Ad image

Хари пристигна во украинската престолнина по четиридневен престој во Велика Британија, за време на кој се сретна со својот татко, кралот Чарлс, за прв пат по 19 месеци.

– Не можеме да ја запреме војната, но можеме да направиме сè што можеме за да помогнеме во процесот на закрепнување. Можеме да продолжиме да ги доближуваме луѓето до судбината на оние што се во оваа војна и до тоа низ што минуваат. Мора да го држиме тоа во свеста на јавноста. Се надевам дека оваа посета ќе помогне да се потсетат луѓето, бидејќи лесно е да се стане рамнодушен кон она што се случува – рекол принцот Хари во возот на пат кон Киев.

Хари додал дека да патува во Киев го поттикнала Олга Рудњева, основач и директорка на Центарот за траума „Superhumans“ во Лвов, која ја запознал случајно во САД неколку месеци претходно, откако го посетил нејзиниот центар во април.

– Ја запознав Олга во Њујорк. Тоа беше случајна средба и ја прашав како можам да помогнам. Таа рече: „Најголемо влијание би омало ако дојдете во Киев“. Морав да проверам со својата сопруга и со британската влада дали е тоа во ред. Потоа дојде официјалната покана“, рекол принцот Хари.

„Не гледате многу војна во Лавов. Далеку е на запад. Ова е прв пат да го видиме вистинското уништување од војната“, додал тој.

Иако Украина првпат учествуваше на Invictus Games во 2017 година, конфликтот со Русија донесе поголем интерес и потреба за настанот.

Потсетувајќи се на топлиот пречек што го доби украинскиот тим на натпреварот во Хаг пред две години, Хари рекол: „Беше извонредно. Секој учесник имаше свој пат за да стигне до игрите, но никој од другите земји не се враќаше во војна. Затоа Украинците беа посебни. Секој чувствуваше силна врска со нив. Некои натпреварувачи буквално беа однесени од бојното поле и вратени на бојното поле. Тоа ни значи толку многу, бидејќи ним им значи уште повеќе“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation