Background

Упадот на руски дронови во Полска може да бил грешка, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика бес и реакции кај полските политичари

Упадот на руски дронови во Полска може да бил грешка, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика бес и реакции кај полските политичари јави Ројтерс.

– Можеше да биде грешка – рече Трамп пред новинарите, додавајќи дека не е задоволен од ништо во целата ситуација, но дека се надева дека ќе заврши.

Коментарот на Трамп дојде откако полските власти потврдија дека 19 руски беспилотни летала го повредиле воздушниот простор на Полска за време на масовен напад врз Украина.

- Advertisement -
Ad image

 

Министерот за надворешни работи Радослав Сикорски остро реагираше на проценката на Трамп.

„Не, не беше грешка“, напиша тој на социјалните мрежи, алудирајќи на тоа дека Русија намерно го нарушила воздушниот суверенитет на земјата.

Инцидентот ја засили дебатата околу колективната безбедност во Алијансата. Полска го активираше Член 4 од Договорот на НАТО, барајќи консултации поради заканата. Членот 4 не ги обврзува членките на НАТО на колективен одговор.

Во меѓувреме, Полска ја затвори граница со Белорусија поради големата заедничка воена вежба „Запад 2025“ на Русија и Белорусија која започна во петокот, 12 септември, jави Ројтерс. Вежбата ќе вклучува маневри во двете земји и во Балтичкото и во Баренцовото Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински на синоќешниот брифинг одржан во близина на границата со Белорусија, изјави дека воената вежба е директно насочена против Полска и против Европската унија.

Воената вежба „Запад“ се одржува на секои четири години, а Европа внимателно ја следи повеќе од една деценија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation