Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има загинати и повредени лица.
Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на поарната единица од Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.
Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна несреќа.
 
							 
								 
			

 


 
                                
                             















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		