Орбан и унгарските конзервативци реагираа на убиството на сојузникот на Трамп

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Hungarian Prime Minister Viktor Orban attends a media briefing in Budapest, Hungary, December 21, 2022. REUTERS/Marton Monus/File Photo
- Advertisement -
Ad image

Унгарските политичари реагираа со осуда на убиството на Чарли Кирк, познатиот говорник, конзервативец и сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на платформата Икс го нарече Кирк „вистински борец за верата и слободата“ и повика да сопре, како што вели, омразата на либералната левица.

„Нашите најдлабоки сочувства одат до семејството Кирк и до американскиот народ. Смртта на Чарли Кирк е резултат на меѓународната кампања на омраза што ја води прогресивно-либералната левица. Ова е она што доведе до нападите врз Роберт Фицо, врз Андреј Бабиш, а сега и врз Чарли Кирк. Мора да ја запреме омразата! Мора да ја запреме левицата што шири омраза!“, напиша Орбан.

Европратеникот Андраш Ласло реагираше на веста преку објава на Фејсбук.

„На својот настан, пред илјадници студенти на кампуот на универзитет во Јута, Чарли Кирк беше застрелан. Малку познат во Унгарија, тој е една од водечките фигури во американскиот конзервативен свет, секогаш спремен за спокојна дебата дури и со најжестоките млади либерали. Тој стана шампион на слободата на изразување, предизвикувајќи ги традиционалните либерални ставови наметнати од левичарскиот универзитетски свет. Изгради огромна студентска заедница низ Америка. Десетици илјади луѓе редовно присуствуваат на неговите настани. И јас самиот бев на еден од тие настани.

Европратеничката Кинга Гал, потпретседателка на групата Патриоти за Европа, изрази сочувство на Икс.

„Почивај во мир, Чарли Кирк, човек кој умре за слободата на изразувањето. Нашите мисли и молитви се со неговите блиски во овие тешки моменти. Насилната реторика и омразата ги поттикнуваат овие злобни напади. За насилството нема место во јавната дебата“.

Aлександра Сенткирај, поранешна кандидатка за градоначалничка од Фидес и претседателка на парламентарната група на владејачката партија во главниот град, напиша на својата страница:

„Шокирана сум од веста за трагичната смрт на Чарли Кирк, американски лидер на мислење. Млад татко од 32 години кој стана жртва на насилство поради своите политички ставови, беше застрелан смртоносно пред голема публика на јавен настан“.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД Доналд Трамп, во објава на социјалните мрежи потврди дека популарниот конзервативен инфлуенсер, активист и водител на поткаст Чарли Кирк починал.

Кирк (32) беше застрелан во вратот за време на јавен настан на универзитет во Јута и потоа префрлен во болница, но лекарите не можеле да го спасат животот.

Убиството предизвика шок во американската јавност, каде околу 3.000 луѓе присуствувале на настанот. Според изјави на очевидици, безбедносните мерки биле изразено опуштени, а паника избила кога истрелот одекнал од покривот на една од зградите.

- Advertisement -
Ad image

Во видео-обраќање, Трамп реагираше со длабока тага и лутина на убиството на Кирк.

„Драги мои сонародници Американци, исполнет сум со жал и гнев поради злобното убиство на Чарли Кирк на кампусот на колеџ во Јута“, рече тој, нарекувајќи го конзервативниот активист „патриот кој го посвети животот на каузата на отворената дебата и земјата што толку многу ја сакаше, Соединетите Американски Држави“.

Трамп го пофали Кирк како „маченик за вистината и слободата“ и „човек со длабока вера“, истакнувајќи дека „никогаш немало некој толку почитуван од младите“.

„Нашите молитви се со неговата сопруга Ерика, нивните две мали, сакани деца и целото негово семејство кое го сакаше повеќе од се во на светот“, додаде Трамп.

Кирк, роден во предградие на Чикаго, не го завршил формалното образование за да се посвети на политичкиот активизам. Тој стана важен дел од кампањата на Трамп во 2016 година, служејќи како личен асистент на неговиот син, Доналд Трамп Помладиот.

Неговиот поткаст беше еден од најслушаните во САД, а редовно организираше предавања и настани на американски универзитети, каде предизвикуваше дискусии во живо со либерални студенти пред камери и стотици следбеници.

Со 6,9 милиони претплатници на Инстаграм и 3,8 милиони на Јутјуб, Кирк имаше огромно влијание врз младите конзервативци, популаризирајќи ултратрадиционалистички ставови за семејството, носењето оружје и критички гледања кон абортусот, миграцијата и администрацијата на Џо Бајден.

Тој е коосновач на Turning Point USA во 2012 година, кога имал само 18 години, која прерасна во најголемата конзервативна младинска организација во САД, со ентузијастички следбеници кои учествуваа и во настаните од 6 јануари 2021 година.

Кирк беше провокативен говорник, нарекувајќи ги абортусите „Холокаустот на нашата ера“.

Преку својата компанија, Кирк собра над 100 милиони долари за кампањата на Трамп во 2024 година, фокусирајќи се на раното гласање во клучни држави и убедување на конзервативците да ги надминат теориите на заговор за гласањето по пошта.

Share This Article