На 10.09.2025 во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.Од страна на лекарски тим од болницата „Св.Еразмо“ во Охрид,пациентот поради сериозноста на здобиени повреди префрлен е во Карил-Скопје.