Background

Илон Маск во вторникот накратко ја загуби титулата најбогат човек во светот од соосновачот на „Оракл“ – Лери Елисон

Илон Маск во вторникот накратко ја загуби титулата најбогат човек во светот од соосновачот на „Оракл“ – Лери Елисон. Богатството на Елисон скокна за 89 милијарди долари, на 383,2 милијарди, откако компанијата објави позитивен извештај за берзата, објави „Блумберг“ (Bloomberg).

„Оракл“, имено, објави пораст на побарувачката за ВИ-капацитетот на својот центар за податоци. Акцијата порасна за дури 43% пред да се затвори на околу 36% на крајот од денот. Тоа е најголемиот еднодневен раст на нивните акции од 1992 година.

Елисон е најголемиот индивидуален акционер во „Оракл“, па тој раст на нето-вредноста го направи најбогатиот човек во светот за неколку часа вчера. Но, на крајот од денот, нето-вредноста на Маск беше 384,2 милијарди долари, надминувајќи ја онаа на Елисон за милијарда долари.

- Advertisement -
Ad image

Брендот „Оракл“ се позиционираше како клучен снабдувач на инфраструктура за компаниите за вештачка интелигенција. Пазарната вредност на компанијата се зголеми за околу 244 милијарди долари, на околу 922 милијарди. Тоа ја направи 13-та највредна компанија во „С&П 500“ листата.

Маск првпат ја презеде титулата најбогат човек во 2021 година и последниве неколку години тој постојано е некаде при врвот, делумно благодарение на неговите различни инвестиции во „Тесла“ и „Спејс-Икс“.

За Елисон, неговиот пат кон елитата најбогати луѓе во светот, почна 1977 година, кога тој се откажа од колеџот и влезе во новооснованата компанија „Оракл“. Денес 81-годишниот мултимилијардер поседува 98% од хавајскиот остров Ланаи и е заслужен за оживувањето на американскиот тениски турнир Индијан Велс во Калифорнија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation