Полска добила информации од Белорусија за беспилотните летала што летаат во нејзин правец, објави полската ТВН24, повикувајќи се на изјава на началникот на Генералштабот на полската армија

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полска добила информации од Белорусија за беспилотните летала што летаат во нејзин правец, објави полската ТВН24, повикувајќи се на изјава на началникот на Генералштабот на полската армија.

– Белорусите нè предупредија дека беспилотни летала летаат низ нивниот воздушен простор во наш правец – изјави гeнералот Виеслав Кукула, за телевизијата, пренесе хрватски Индекс.

Кога беше прашан за навременоста на предупредувањето, тој одговори дека „предупредувањето беше корисно“.

– Во овој контекст, бев изненаден што Белорусија, која силно ја ескалира ситуацијата на копнената граница, одлучи да се вклучи во таква соработка.

Полската војска вчера објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.

„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти. Имаше невидено кршење на полскиот воздушен простор“, соопшти Полската оперативна команда.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека најмалку 19 дронови влегле во полскиот воздушен простор. Полските власти досега пронајдоа остатоци од 15 дронови и „ракети од неидентификувано потекло“.

Додека стигнаа бројни реакции од европските лидери и од НАТО за случајот, официјална Москва се огласи преку своето Министерство за одбрана велејќи дека нападот не бил насочен кон Полска, туку кон Украина, но дека „можеме да се консултираме со полските власти во врска со тоа“.

Додека Полска најави дека го активирала членот 4 од НАТО за консултација со останатите членки во врска со инцидентот, челници на ЕУ ја ставија на маса идејата за формирање ѕид од дронови за заштита од напади од Русија.

- Advertisement -
Ad image

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте му порача на рускиот претседател на Путин да ја сопре војната, но и дека со соборувањето на дроновите над Полска авионите на НАТО покажале спремност да ја бранат секоја педа на својата територија.

Share This Article