Системот за влез/излез на ЕУ почнува со примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Мерката ќе се воведува постепено, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас.
Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отпечатоци од прсти и со фотографии, а откако ова еднаш ќе се направи, при следниот влез ќе се користи автоматскиот влез на аеродромите итн.
Рокас, исто така, нагласи другиот систем ЕТИАС, не е ист и не треба да создава конфузија со системот за влез/излез и ќе има навремена информација за неговата имплементација.