Калас за упадот на руски дронови во Полска

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европската Унија најостро го осудува намерното прекршување на воздушниот простор на нејзина земја членка од страна на руски дронови што се случи на 10 септември, се вели во официјалната писмена изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас упатена во име на блокот поради упадот на руски дронови во воздушниот простор на Полска.

– Овој агресивен и неодговорен чин е дел од сериозна ескалација на состојбите од страна на Русија. Тој ја загрозува безбедноста на граѓаните на ЕУ, регионалната стабилност и меѓународниот мир, се додава во изјавата во врска со, како што е наведено, „неиспровоцираното прекршување на воздушниот простор на ЕУ од страна на Русија“.

Според Калас, овој случај само ја зајакнува решеноста на ЕУ да ја поддржува Украина и нејзиниот народ во нивната одбрана од Русија и нивниот стремеж кон сеопфатен, праведен и траен мир.

– Дополнително ќе ја зголемиме цената што треба да ја плати Москва со значително зајакнување на санкциите кон Русија и нејзините поддржувачи. Исто така, ќе работиме со нашите меѓународни партнери за да извршиме притисок врз Русија да ја прекине оваа војна – се нагласува во изјавата.

Калас потенцира и дека упадот на руските дронови над територијата на Полска е најново во низата кршења на суверениот воздушен простор на земјите членки на ЕУ од 2022 година.

– Изразуваме целосна солидарност со Полска и продолжуваме да и ја нудиме поддршката што и е потребна за заштита на нејзината источна граница. Со полските власти сме во постојан близок контакт – се додава во изјавата на Калас.

Share This Article