Background

Украина сака да ѝ испрати „Шахед“ дронови на Полска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал со лидерите на Полска, Велика Британија, Италија и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за новите закани од Русија по нападот со дронови врз Украина и Полска. Тој нагласил дека е неопходно заедничко делување и создавање на ефикасен воздушен штит над Европа, објавија украинските медиуми.

– Разговарав со полскиот премиер Доналд Туск, британскиот премиер Кир Стармер, италијанската премиерка Џорџија Мелони и со генералниот секретар на НАТО. Секако, пред сè, разговаравме за руските дронови лансирани против Украина синоќа, кои исто така влегоа во полскиот воздушен простор – изјави Зеленски.

Тој потсети дека вакви инциденти се случувале и порано, но никогаш со толкав обем.

- Advertisement -
Ad image

– Овој пат бројот на дронови беше многу поголем, дрскоста – многу поголема. Дроновите влегоа не само од украинска територија, туку и од Белорусија. Ова е сосема различно ниво на ескалација од страна на Русија. Мора да има соодветен одговор – порача тој.

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека на територијата на Полска се пронајдени остатоци од руски дронови во повеќе градови и села.

– Од синоќа, нашата војска ги споделува сите информации што ги имаме и ја продолжуваме соработката – рече тој.

Според информациите, само во ноќта на 10 септември вкупно 19 дронови навлегле во полскиот воздушен простор, дел од нив биле соборени од армијата.

Зеленски истакна дека Украина одамна предлага заеднички систем за воздушна одбрана.

– Мораме заеднички да одговориме на сите актуелни предизвици и да бидеме подготвени за потенцијални закани за сите Европејци во иднина – додаде тој, нагласувајќи дека треба да се зголеми финансирањето за производство на дронови-пресретнувачи.

Покрај тоа, украинскиот претседател ѝ понуди на Полска поддршка, обука и експертиза за соборување на дронови, вклучително и од типот „Шахед“.

– Се согласивме за соработка на воено ниво и координација на активностите со сите земји-членки на НАТО – рече Зеленски.

Зеленски соопшти дека разговарал и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за заострување на санкциите против Русија, користење на замрзнатите руски средства и поддршка за украинските деца.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation