Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и северозапад, поврзана со фронтална долина со поладен воздух, од утре (четврток, 11 септември) до понеделник (15 септември), времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно. Се очекуваат повремени поројни дождови, грмежи и засилен ветер, особено во зоните на нестабилност.
Локално, атмосферските процеси можат да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Минималните утрински температури ќе се движат од 12 во Берово до 18 во Гевгелија, а максималните дневни од 22 во Маврово и 32 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во делови од Скопскиот регион се очекува нестабилно облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и можност за невреме.
Температурата во главниот град утре ќе се движи од 16 до 31 степени.
Граѓаните се предупредуваат да се воздржуваат од престој на отворен простор и под осамени дрвја за време на електрични празнења. Исто така, се препорачува автомобилите да се паркираат на безбедно место, далеку од стари и осамени дрвја кои би можеле да паднат поради силниот ветер.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
