Руското Министерство за надворешни работи денес ја обвини Полска дека се обидува да го ескалира конфликтот во Украина со ширење „митови“ за упад на беспилотни летала во полскиот воздушен простор, за кои Варшава тврди дека се испратени од Русија.
Руската амбасада во Полска објави дека полските власти не доставиле докази што укажуваат дека беспилотните летала се од руско потекло.
„Полската страна целосно неосновано ја обвини Русија за провокации“, додаде амбасадата.
Руската војска претходно денес соопшти дека не ја таргетирала Полска откако беспилотните летала беа уништени преку ноќ над полска територија, додека Варшава ја обвини Москва дека ги лансирала беспилотните летала како дел од „провокација“.
„Немаше намера за напад врз цели на полска територија“, објави руското Министерство за одбрана и изрази подготвеност за консултации со полското Министерство за одбрана по ова прашање.
Варшава и нејзините сојузници ја осудија руската „провокација“ откако беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на нападот врз Украина, а неколку од тие авиони беа пресретнати од полската војска со помош на НАТО.