Протести во повеќе градови, над 200 уапсени

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Илјадници демонстранти од рано утрово излегоа на улиците низ цела Франција, попречувајќи го сообраќајот, палејќи канти за ѓубре и повремено судирајќи се со полицијата, во обид да „блокираат сè“, во знак на гнев кон политичката класа и планираните намалувања на буџетот.

Безбедносните сили на Франција се распоредени низ целата земја, за да се обидат да ги укинат сите блокади што е можно поскоро, соопштија официјални лица. Франција засега не е блокирана.

Досега се уапсени стотици демонстранти низ земјата, а имаше и судири со полицијата, објавија француските медиуми. Париската полиција објави дека досега 132 лица се уапсени на демонстрациите. Околу 6.000 полицајци и жандарми се мобилизирани во главниот град.

Демонстрациите се случуваат во услови на политички превирања, 2 дена откако парламентот го собори премиерот Франсоа Бајру со гласање за недоверба поради неговите планови за намалување на растечкиот долг на земјата.

Вчера францускиот претседател Емануел Макрон го назначи својот петти премиер за помалку од 2 години, избирајќи го блискиот сојузник Себастијан Лекорну, што ги налути левичарските политичари.

Во Париз, пожарникарите отстранија изгорени предмети од барикадата поставена од учениците кои сакаа да го блокираат сообраќајот во близина на средно училиште.

– Исто е… исто е, Макрон е проблемот, а не министрите – рече Фред, претставник на синдокатот за јавен превоз на синдикатот, на протестот во Париз.

 

Граѓанската акција „Блокирај сè“ е иницијатива создадена на социјалните мрежи и вклучува блокирање на патишта и избегнување на купување.

- Advertisement -
Ad image

Движењето „Блокирај сè“ – широк израз на незадоволство, без централизирано водство и со ад хок организација преку социјалните медиуми – се појави онлајн во мај меѓу десничарските групи, велат истражувачите и службениците, но оттогаш е преземено од левицата и ос крајната левица, објави Ројтерс.

Во зори, стотина млади активисти од автономното движење блокираа автобуска станица во северниот дел на Париз, пред полицијата да интервенира.

Во Париз, сообраќајот е „скоро нормален“ за метро и за автобуските мрежи, додека има мали прекини на одредени меѓуградски железнички врски што минуваат низ Париз, како што е линијата што го опслужува меѓународниот аеродром Шарл де Гол.

- Advertisement -
Ad image

Во западниот град Нант, демонстрантите го блокираа автопатот со запалени гуми и канти за ѓубре. Полицијата употреби солзавец за да ги растера луѓето што се обидуваа да окупираат кружен тек во истиот град.

 

 

Во Монпелје, на југозападот од земјата, полицијата се справи со демонстрантите кои поставија барикада за да го блокираат сообраќајот на кружниот тек. Еден демонстрант носеше транспарент на кој пишуваше: „Макрон, поднеси оставка“.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, од кои некои фрлаа разни предмети кон полицајците.

Операторот на автопатиштата Винчи пријави протести и прекини во сообраќајот на автопатите низ целата земја, вклучувајќи ги Марсеј, Монпелје, Нант и Лион.

Движењето „Блокирај сè“ го одразува незадоволството на граѓаните од она што демонстрантите го сметаат за нефункционална владејачка елита, која се залага за мерки за штедење.

Движењето потсетува на протестите на „Жолтите елеци“ од 2018 година, кои првично беа предизвикани од зголемувањето на цените на горивата, но се претворија во пошироко движење против Макрон и неговите планови за економски реформи.

Една од главните причини за незадоволството е падот на куповната моќ, објавија медиумите.

– Околу 50 мажи со качулки се обидоа да започнат блокада во Бордо, додека во Тулуз, на југозапад, пожарот беше брзо изгаснат, но железничкиот сообраќај сепак беше нарушен – изјави министерот за внатрешни работи Бруно Рејтило за новинарите рано утрово.

Тој објави дека 80.000 припадници на безбедносните сили се распоредени низ целата земја, вклучувајќи 6.000 во Париз.

Рејтило објави дека 200 лица се уапсени во првите часови од протестите во Франција.

Тој рече дека автобус бил запален во западниот град Рино и дека оштетувањето на далноводите ги блокирало возовите на југозападната линија. Тој тврди дека демонстрантите се обидувале да создадат „клима на бунт“.

Француските медиуми објавија дека се очекува 100.000 луѓе да учествуваат на демонстрациите.

Share This Article