Јас ќе го повторам барањето, дека овој надзор се прави од интерес на јавноста и на граѓаните и тие треба да ни бидат императив во нашето работење како пратеници, како претставници на народната власт. Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух, да изврши деласификација или делумна декласификација, се во интерес за да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
– Она што го очекувам од овој надзор е да не биде дозволен увид во сите документи кои ќе ги побараме, кои агенцијата се разбира смета дека треба да ни бидат достапни, но и оние кои ќе ги побараме на наша барање. Лично јас веќе имам подготвено околу триесетина прашања кои ќе ги упатам, а се разбира се во интерес на расчистување на овој случај. Едно од тие прашања кои ќе ги поставам, а за жал ако состанокот ќе биде класифициран, нема да може да ви го дадам јас одговорот, е што се случило со полиграфистот кој се посочува, барем во брифинзите кои ги има дел од јавноста, како клучен, односно тој кој ги спровел полиграфските тестирања. Дали е тој сè уште на работа, дали заминал, дали заминал под притисок итн? Што се случило со шефот на внатрешната контрола, зошто тој бил сменет? Според мои информации, можеби не е вистина, но зошто тој бил сменет непосредно пред да започне оваа внатрешна истрага во агенцијата и така натаму? Тоа се многу прашања кои, кои како што реков, се во интерес на овој надзор и обезбелоденување на вистината околу овој таканаречен скандал, истакна Петровска.
Tagged as:
дали полиграфистот си дал отказ? Петровска: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
