Новак Ѓоковиќ ги запишал своите деца во приватно училиште во Грција, а неговото семејство започнува нов живот во оваа земја, по извештаите дека бил цел на српската влада поради поддршка на студентските протести

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новак Ѓоковиќ ги запишал своите деца во приватно училиште во Грција, а неговото семејство започнува нов живот во оваа земја, по извештаите дека бил цел на српската влада поради поддршка на студентските протести, пишува британски Daily Mail.

Освојувачот на 24 Грен слем титули, кој долго време се сметаше за национален херој, се соочи со остри критики во последните месеци од медиумите лојални на претседателот Александар Вучиќ откако изрази солидарност со демонстрантите.

Протестите избувнаа во ноември минатата година по уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во несреќата загинаа 16 лица. Студентите ја обвинија коруптивните активности на владата се причина за несреќата и побараа политички промени.

Ѓоковиќ ја изрази својата поддршка на социјалните мрежи, кога напиша:

„Како некој што длабоко верува во силата на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се чуе. Србија има огромен потенцијал, а нејзината образована младина е нејзината најголема сила. Она што ни треба на сите е разбирање и почит. Со вас, Новак“.

Подоцна, тој ја посвети својата победа на Австралија Опен на студентка која брутално беше претепана од активисти на владејачката партија, на кошаркарски натпревар во Белград носеше маица со натпис „студентите се шампиони“, а сподели и слики од масовните протести со коментар „Историја, неверојатно“.

Српските таблоиди одговорија нарекувајќи го „лажен патриот“ и го обвинија дека ја поддржува таканаречената „обоена револуција“.

Според порталот Tennis24, Ѓоковиќ сега ги запишал својот 11-годишен син Стефан и осумгодишната ќерка Тара во колеџот Сент Лоренс, британско независно училиште во Атина, и нашол постојан дом во јужните предградија на градот.

Вчера, тој беше виден во тенискиот клуб Кавури, каде што играше со својот син во апостолки и им позираше на фоторепортерите, и наводно размислува за полноправно членство во тој клуб или во клубот „91 Athens Riviera“.

- Advertisement -
Ad image

Гласни се и шпекулациите дека Ѓоковиќ ќе аплицира за грчка „Златна виза“, која дава престој во замена за инвестиции. Тој веќе двапати се сретнал со премиерот Кирјакос Мицотакис, последниот пат на островот Тинос.

Иако српскиот претседател се обиде да ги смири тензиите, инсистирајќи дека никогаш нема да зборува лошо за Ѓоковиќ, промената во домашните извештаи означува остар пресврт за тенисерот кој некогаш беше идолизиран во својата татковина.

Share This Article