Од 13 септември 2025 година, во Грција стапуваат на сила високите кзани за сообраќајни прекршоци кои се движат од 350 до 8.000 евра.
Казните исто така се придружени со одземање на возачки дозволи, регистарски таблички, па дури и кривични казни во случај на сериозни несреќи и доживотен затвор.
Еве ги најзначајните промени во казнената политика предвидеа со новиот Законот за безбедност во сообраќајот на Грција.
- Ако патувате со автомобил и гледате во телефонот додека возите казната се движи од 350 до 4.000 евра, со одземање на возачката дозвола до 8 години. Во случај на сериозни сообраќајни несреќи, предвидени се и затворски казни или доживотен затвор.
- доколку не носите шлем када што е пропишано или не сте го ставиле сигурносниот појас казната се вдижи од 350 до 2.000 евра и одземање на возачката дозвола до 12 месеци. Возачот и патниците се казнуваат подеднакво.
- Возење под дејство на алкохол – казни од 350 до 4.000 евра, одземање на возачката дозвола до 10 години и затвор до 5 години за високо ниво на алкохол во крвта. Во случаи на смртоносни несреќи, предвидена е доживотна казна затвор.
- Пребрзо возење – казни до 2.000 евра и одземање на возачката дозвола до 1 година. Во случај на несреќа, казните достигнуваат 8.000 евра со одземање на возачката дозвола за 4 години.
- Прекршување на прописите за запирање или поминување на црвено светло – казни од 350 до 4.000 евра и одземање на возачка дозвола до 8 години. Во случај на несреќа, предвидена е затворска казна или доживотен затвор.
- Возење без возачка дозвола – казна од 1.000 до 4.000 евра, одземање на возачка дозвола до 8 години и затвор до 2 години.
- Попречување на железнички сообраќај или јавен превоз – казни до 4.000 евра, одземање на возачка дозвола до 8 години и затвор до 20 години, или доживотен затвор во случај на несреќа.
- Паркирање на места за лица со посебни потреби – казни од 150 до 2.000 евра, со одземање на возачка дозвола до 1 година.
Новиот закон ги третира повторените прекршоци особено строго – секој следен значи значително поголема казна и подолго одземање на возачката дозвола.