Инцидентот во Полска со соборените руски дронови во моментов не се третира како напад, велат извори на НАТО. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала со радар ги забележале и системите „Патриот“, но не отвориле оган.
Послка претходно соопшти дека побарала да се активира членот 4 во НАТО.
Покрај полските авиони Ф-16, во ноќешната операција за заштита на полскиот воздушен простор учествувале и холандски авиони Ф-35 и италијански авиони за надзор АВАКС, јавуваат британските медиуми.
Британските медиуми потсетуваат дека ова е прв случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.
Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека тоа е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.
Туск претходно изјави дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, откако повеќе од десетина беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на руските напади врз Украина, јави ДПА.
Европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус денес повика на итна изградба на ѕид против беспилотни летала по должината на источниот дел од Европската Унија откога руски беспилотни летала утрово го нападнаа полскиот воздушен простор.