Background

Нова книга на Ристо Лазаров „Врне ли, врне“

Неодамна, книгоиздавателството „Матица македонска” ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ристо Лазаров, „Врне ли, врне”.

Иако зборовите и песните „врнат” изобилно во стихозбирката „Врне ли, врне”, Ристо Лазаров ја продолжува потрагата по „зборот што го чека”, зашто добро знае дека поезијата е моќна и поројна, но и насушно потребна – како и дождовите, како што истакнува универзитетската професорка и книжевна критичарка, Лидија Капушевска-Дракулевска, во поговорот.

– Стилската разиграност на поетскиот дискурс на Лазаров, во интеракција со шареноликиот тематски потход, одат во прилог на космополитизмот на збирката „Врне ли, врне”. На тематски план, оваа лирика перманентно осцилира меѓу: личното (индивидуалното) и општото (универзалното), лирското (емоционално) и интелектуалното (мисловното), апстрактното и конкретното, рационалното и ирационалното… Сеедно дали поетот емотивно пее за „босоногиот” кој во „киоск купува кифла и троа надеж – како во истоимената песна, или, за малото Циганче кое буричка во контејнерот и кое верува дека ќе успее „да ја измери / празнината на светот” – како во песната „Утро”; сеедно дали автобиографски топло се сеќава на мајка си – како во песната „Тажаленка”, или, загрижувачки проговорува во име на вселената која сака да се запрат катадневнит умирања, заканите со нова Хирошима и гладувањето на милиони во светот – како во песната „На прв поглед”, нашиот поет пее во името на сите, зашто сите имаме „наврнати души”. Оттаму, поетскиот немир не е никогаш само и единствено личен, колку и да тргнува од индивидуалното искуство, а поетскиот глас е глас на целото човештво, нагласува Капушевска-Дракулевска осврнувајќи се на најновото дело на Лазаров.

- Advertisement -
Ad image

Ристо Лазаров (1949) е автор на 28 книги поезија и на неколку избори од неговото творештво. Објавил и Избрани дела во четири тома. Автор е и на повеќе книги огледи и публицистички трудови. Негови книги се објавени на англиски, албански, бугарски, српски, чешки и на словенечки јазик.

Превел на македонски над 30 книги од англиски, чешки, српски, бугарски и други јазици. Добитник е на сите значајни награди за поезија во Македонија и застапуван е во сите антологии на современата македонска поезија.

Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1972 година, а од 2005 до 2014 година бил претседател на Македонскиот ПЕН центар. Живее и работи во Скопје, како новинар. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција „Танјуг”, а долги години беше директор и главен уред ник на независната национална телевизија Телма во Скопје. Автор е и на повеќе новински и телевизиски патописи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation