Background

Премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, денеска поднесе оставка откако демонстрантите ја запалија неговата куќа за време на протестите поради забраната за социјални медиуми што беше укината рано утрово

Премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, денеска поднесе оставка откако демонстрантите ја запалија неговата куќа за време на протестите поради забраната за социјални медиуми што беше укината рано утрово, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, според „Хималајски вести“, и иако властите соопштија дека на безбедносните сили им е наложено да се воздржат и дека не е дозволена боева муниција, имаше извештаи за повреди од огнено оружје и куршуми. Полициски час беше воведен во неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Катманду, а училиштата и меѓународниот аеродром беа затворени.

Демонстрантите ги запалија домовите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, лидерот на Комунистичката партија на Непал, Пушпа Камал Дахал, и приватно училиште во сопственост на министерката за надворешни работи Арзу Деуба Рана.

- Advertisement -
Ad image

Масовниот насилен протест и напад врз парламентот започна вчера како спротивставување на забраната за платформите на социјалните медиуми, но беа поттикнати од растечкото незадоволство од политичките партии, кои многу граѓани ги обвинуваат за корупција.

Насилните протести во Непал вчера оставија најмалку 14 мртви и десетици повредени. Непалската влада на 4 септември соопшти дека ги блокирала повеќето платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, бидејќи компаниите не ги почитувале прописите што бараат од нив да се регистрираат кај владата.

Законот, кој не е усвоен од парламентот на Непал, беше широко критикуван како алатка за цензурирање и казнување на противниците кои ги изразуваат своите ставови преку интернет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation