Background

Нова надеж по разрешувањето на премиерката која велеше „чичко“

Анутин Чарнвиракул, наречен „Кралот на канабисот“, стана новиот премиер на Тајланд, по хаотичната политичка криза и разрешувањето на неговата претходничка Петонгтарн Шинаватра поради протечен дипломатски скандал, јави „Фајненшл тајмс“.

Чарнвиракул е познат по тоа што во 2022 година, како министер за јавно здравство, иницираше измена на Законот за опијати, со што канабисот беше отстранет од листата на контролирани дроги, со што делумно беше декриминализиран, а беше отворена вратата за аптекарски производи од канабис.

Неговото доаѓање на власт доаѓа со огромно мнозинство во Националниот парламент, 311 гласа од 492. Ова може да значи стабилност за земјата по хаотичниот период и конфликтот со Камбоџа.

- Advertisement -
Ad image

Чарнвиракул ја искористи можноста што партијата „Bhumjaithai“ ја напушти владината коалиција по скандалот со претходната премиерка од династијата Шинаватра и склучи договор со опозиционата Народна партија ветувајќи нови избори во 4 месеци и уставни реформи како услов за поддршка.

Ова беше симболичен крај на политичката ера на фамилијата Шинаватра, отворајќи нова страница во тајландската политика.

Таткото на Петонгтарн, влијателниот поранешен премиер Таксин Шинаватра неочекувано ја напушти земјата само неколку дена пред судска одлука што можеше да доведе до негово враќање во затвор. Тој нагласил дека заминува на медицински преглед, но потоа летот се пренасочил кон Дубаи.

Освен Таксин и неговата ќерка, премиерка на Тајланд од оваа фамилијата беше и сестрата на Таксин, Јинглук Шинаватра, во периодот од 2011 до 2014 година. За разлика од Таксин кој беше соборен со воен удар во 2006 година, Јинглук беше разрешена од Уставниот суд, нешто што подоцна ѝ се случи и на нејзината сестра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation