Background

Јошко Миленкоски, Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во спортот за 2025 година

Јошко Миленкоски, Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во спортот за 2025 година.

Во една година може да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на државата.

Јошко Миленкоски е добитник на наградата за животно дело за 2025 година, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план. Признанија за значајни спортски остварувања добија и Хамид Бакија (боречки спортови), Зоран Николовски (фудбалски судија), Виктор Тевчев (спортска медицина) и Кирил Манев (новинар).

- Advertisement -
Ad image

Министерот за спорт Борко Ристовски на доделувањето на наградата во Собранието рече дека оваа награда е заслужена и има тежина и вредност. Тој им честита на сите добитници и истакна дека таа е пример за тоа како треба да се претставува спортот, да се промовираат вистински вредности и да биде мотив и за другите.

Министерот му ја врачи наградата за животно дело на проф. д-р Јошко Миленкоски, чиј професионален и научен пат е синоним за афирмација на македонскиот спорт. Тој е истакнат македонски одбојкар, долгогодишен одбојкарски тренер, актуелен селектор на македонската одбојкарска репрезентација и тренер.

Миленкоски се заблагодари за наградата и рече дека годинава слави јубилеј 50 години во одбојката, без ниту еден ден пауза.

– Мојот живот беше и останува посветен на одбојката. Вложив многу труд и љубов – потенцира Миленкоски.

Наградите ги доделува Одборот за државната награда „8 Септември“, кој традиционално ја организира оваа манифестација во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation