Background

Две кривични пријави за градоначалникот Стојан Николов

Градоначалникот на Росоман и Стојан Николов и претседателот на Советот на Општина Росоман, Ристо Јошев добија кривични пријави од полицијата затоа што без гласање на советниците допишале одлука на Советот. Градоначалникот доби кривична пријава и затоа што извршил реконструкција на пат на диво, без проект и без документација.

„ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци денеска поднесе кривична пријава против С.Н. (28), градоначалник на општината Росоман и Р.Ј. (61), претседател на Совет на општината Росоман, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 353 од Кривичниот законик. На седница на Совет на општината, одржана на 28 февруари годинава, било утврдено дека е изменета програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, што била изгласана на седница на 30 јануари 2023 година со 39 точки и потоа била изменета, односно била допишана уште една точка, 40 по ред и била потпишана од страна на претседателот на Совет на општина Росоман“, соопшти СВР Велес.

Практично, се додава, со тоа двајцата пријавени преку спорната 40 точка овозможиле урбанистичкиот проект за производство на асфалт за катастерска општина „Манастирец“, да биде впишан во програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, без одобрение и гласање од страна на советниците на Општина Росоман.

- Advertisement -
Ad image

Исто така, ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе уште една кривична пријава против С.Н. (28) од Росоман и тоа поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело Бесправно градење.

„Пријавениот во својство на градоначалник на Општина Росоман дозволил без решение за реконструкција, односно без одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти, спротивно на одредбите од Законот за градење и без основен проект – фаза градежништво, да се отпочне со реконструкција, поточно промена на сообраќајниот режим на влез во Росоман, без соодветна документација“, информираа од СВР Велес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation