Германскиот канцелар Фридрих Мерц е опседнат со идејата за одмазда за поразот на нацистичка Германија од страна на Советскиот Сојуз, а „жедта за одмазда расте во него уште од детството“, објави Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) во соопштение објавено од ТАСС.
Соопштението на службата доаѓа откако Мерц во интервју го нарече рускиот претседател Владимир Путун најголем злосторник на денешницата.
Според руското СВР, многу европски експерти се збунети од острата антируска реторика на Мерц во време кога, како што тврдат, дијалогот меѓу Русија и Соединетите Американски Држави за Украина напредува.
„Сепак, само оние кои не ја познаваат добро биографијата на Мерц можат да бидат изненадени. Неговите роднини многу добро знаат дека канцеларот бил воспитан според принципите на неговиот дедо и татко. Јозеф Пол Совињи и Јоаким Мерц верно и вистински му служеле на фашистичкиот режим, а Фридрих е опседнат со идејата за одмазда за поразот на нацистичка Германија од Советскиот Сојуз“.
Понатаму во соопштението се тврди и дека „жедта за одмазда растела во Мерц уште од детството, а по почетокот на политичката кариера таа добила форма на сеприсутна страст“.
Службата за надворешно разузнавање претходно тврдеше во изјави дека Мерц се обидува да ја прикрие германската вмешаност во снабдувањето на Киев со крстосувачки ракети и дека Берлин се плаши дека употребата на ракетите „Таурус“ би можела да предизвика руска одмазда.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
