Background

Четврти квартал по ред оваа влада бележи раст над 3%, а Мицкоски очекува да ја пробиеме и границата од 4%

Ова е веќе четврти квартал кога Македонија со владата на ВМРО-ДПМНЕ бележи  има раст на бруто-домашниот производ (БДП) повисок од 3%.

„Ова се бројки, со бројките нема политикантство, со бројките нема играње. Тоа се факти. Кога ќе ги споредите фактите, сфаќате дека тие се немилосрдни – а фактите се на страна на работата, чесната работа на оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ”, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Податоците соопштени од Државниот завод за статистика, според кои БДП во Македонија во вториот квартал од 2025 година пораснал за 3,4%, се споредуваат со соодветните податоци кои ги објавува Евростат, за 28 европски земји

- Advertisement -
Ad image

„Македонија го дели третото место заедно со Хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар. Сите останати земји во регионот поширок и потесен се позади Македонија“, објасни Мицкоски.

Инаку, според податоците на Евростат, во второто тримесечје од 2025 година, големите членки на Европската унија забележаа умерен раст: бруто домашниот производ (БДП) во еврозоната порасна за само 0,1 %, додека целата Европска унија бележи 0,2 % раст.

Меѓу земјите од Балканот, Северна Македонија се издвојува со раст на БДП од значајни 3,4 %, што ја става на третото место според растот во Европа, веднаш зад Ирска и Кипар. Србија, пак, забележа поумерен раст од 2,1 %.

Од големите економии во ЕУ, најдобра динамика покажа Шпанија, со БДП што се зголеми за 0,7 % во вториот квартал од 2025 година. Франција во овој период бележи умерена експанзија од 0,3 %, додека Германија и Италија регистрираа пад од по ‑0,1 %.

„Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на бруто-домашниот производ од повеќе од 3%. Првиот квартал на оваа влада беше третиот од минатата година, кога имавме раст од 3%, па во четвртиот 3,2%, па во првиот од оваа година 3,2% и сега е 3,4%. Очекувам до крајот на годината да имаме и квартал кога ќе ја пробиеме границата од над 4%, со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не ѝ одело добро“, категоричен е Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖