Background

Бруто-домашниот производ забеежа раст од 3,4% во второто тримесечје горинава во споредба со истиот период лани

Бруто-домашниот производ забеежа раст од  3,4% во второто тримесечје горинава во споредба со истиот период лани, објави Државниот завоз за статистика.

Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: „градежништво“ од 7,3%, „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“; „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 6% и „рударство и вадење на камен“; „преработувачка индустрија“; „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“; „снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“ од 3,9 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68,5 %.

- Advertisement -
Ad image

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6,4 %, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7,3 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3,2 %.

Бруто-инвестициите бележат пораст, главно, поради зголемувањето на бруто-инвестициите во основни средства

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation