Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека за време на вчерашната посета на Белата куќа разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за зголемување на американското воено присуство во Полска

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека за време на вчерашната посета на Белата куќа разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за зголемување на американското воено присуство во Полска.

Навроцки изрази уверување дека разговорите ќе завршат успешно, иако се наоѓаат во почетна фаза.

– За време на средбата дискутиравме за проширување на американското воено присуство во Полска… Особено сум задоволен што имаше конкретни разговори за овој проект – изјави тој по состанокот со Трамп.

Претседателот на САД потврди дека Вашингтон ќе задржи силно воено присуство во Полска.

– Ќе останеме во Полска. Дури и ќе испратиме уште, ако тие сакаат. Ние сме во целосна согласност со Полска – посочи американскиот претседател.

Трамп додаде дека односите меѓу САД и Полска отсекогаш биле стабилни, но дека „сега се подобри од кога било“. Тој потсети и дека неодамна јавно ја даде својата поддршка за кандидатурата на Навроцки на полските избори.

Посетата на Вашингтон е прва официјална задгранична визита на Навроцки, кој ја презеде функцијата претседател минатиот месец. Навроцки, поранешен боксер-аматер и историчар поддржан од конзервативната партија „Право и правда“, настојува да ги зајакне врските со Трамп во чувствителен момент за Варшава.

Навроцки се заблагодари на Трамп за поддршката и упати поздрав до милионите Американци со полско потекло.

– Овие односи се многу важни за мене, за Полска и за Полјаците -нагласи тој, додавајќи дека сојузништвото е засновано на споделени вредности – независност и демократија.

- Advertisement -
Ad image

На заедничката прес-конференција, синоќа двајцата лидери ја потврдија намерата за интензивирање на воената соработка. Трамп, исто така, го пофали Навроцки за победата на изборите, оценувајќи дека тој се борел во „тешка и валкана кампања, но ги победи сите со голема леснотија“.

Share This Article