Канадскиот актер Греам Грин почина на 74-годишна возраст по долго боледување, изјави неговиот публицист Мајкл Грин.
Тој изјави за ABC News дека актерот „сакал сè што правел за својот народ и за светот“.
„Тој беше голем човек со морал, етика и карактер и засекогаш ќе ни недостига. Те сакаме, брате мој Грин, Бог да те благослови“, рече неговиот агент.
По него останаа сопругата Хилари Блекмор, ќерката Лили Лазар-Грин и внукот Тарло.
Грин беше номиниран за Оскар во 1990 година за филмот „Танц со волци“, а е познат и по своите улоги во филмовите „Непослушен“ (1994), „Умри машки со одмазда“ (1995), „Зелената милја“ (1999) и „Сагата самрак: Нова месечина“ (2009).