Background

Најмалку 800 луѓе загинале во четири провинции во Авганистан по земјотресот со јачина од 6,0 степени

Најмалку 800 луѓе загинале во четири провинции во Авганистан по земјотресот со јачина од 6,0 степени, јавува Би-Би-Си, повикуваќи се на извештај од Хуманитарната агенција на Обединетие Нации.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања вели дека се проценува дека најмалку 2.000 луѓе се повредени, многу од нив во оддалечени и планински области кои се отсечени од пристапот до спасувачките екипи.

Се верува дека најмалку 12.000 луѓе се директно погодени од земјотресот, вклучително и од оштетените згради или инфраструктура, соопшти организацијата.

- Advertisement -
Ad image

Спасувачките екипи се распоредени на повеќе локации во источниот дел од земјата, додека хеликоптери се користат за евакуација и транспорт на повредените.

Жител на авганистанскиот округ Нургал, една од најтешко погодените области во Кунар, за Асошиејтед Прес изјавил дека речиси целото село се урнало под силата на земјотресот.

– Децата се под урнатините. Старите лица се под урнатините. Младите се под урнатините Ни треба помош тука. Ни треба луѓе да дојдат тука и да ни се придружат. Да ги извлечеме луѓето што се затрупани. Нема никој што може да дојде и да ги извади мртвите тела од под урнатините.

Дописникот Саид Абдула Низами за Би-Би-Си пишува:

„Прво ги видов вестите на Фејсбук, каде што луѓе од нашето подрачје објавуваа молитви и зборуваа за нешто страшно што се случува. Му се јавив на татко ми, а тој ми рече дека ги евакуирале сите деца од собите и дека седат будни во дворот. Потоа му се јавив на еден пријател за да дознаам повеќе. Рече дека е во покраинската болница во Асадабад, Кунар. Го замолив да му го даде телефонот на еден лекар за да можам да разговарам со него. Имаше поминато помалку од еден час од земјотресот. Лекарите ми кажаа дека десетици повредени луѓе веќе пристигнале во болницата, повеќето од нив студенти кои паднале од згради. Еден од нив починал“.

Спасувачот Сајед Рахим верува дека бројката на загинати е многу поголема. Според информациите од неговите тимови се работи за слаба проценка.

Меѓународните тимови веќе обезбедуваат итна хуманитарна помош, а Обединетите нации соопштија дека нивните екипи во Авганистан се на терен со цел да спасуваат животи.

Регионите Кунар и Нангархар се познати по честите земјотреси, што дополнително го отежнува животот на локалното население.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation