Најголем одлив е забележан во кожарската и во автомобилската индустрија

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,8% во јули 2025 во однос на истиот месец лани, објави државниот завод за статистика.

Во секторот „рударство и вадење на камен“ намалувањето е за  2,4%, во „преработувачка индустрија за 4%, додека во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0.5 %.

Во индустријата најголем раст на бројот на вработени има во секторот „производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место“ од 11,2% и тутунската индустрија со раст од 8,1%.

Најголемо опаѓање на бројот на работници, пак, има  во кожарскиот сектор од 12,8% и секорот „производство на моторни возила, приколки и полуприколки“од 11,1%

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4%.

Share This Article