Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на свечениот почеток на новата учебна година во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, каде што присуствуваше на приемот на првачињата.
Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека оваа година е значајна за учениците и за наставниците, бидејќи за првпат по седум години сите ученици ќе имаат учебници навремено пред себе.
– Ова е чекор напред и многу важно достигнување. Сакам да им се извинам на родителите за претходните години, но и да им ветам дека преку вештачката интелигенција ќе зборуваме за иднината и за предизвиците што таа ни ги носи – истакна премиерот.
Тој додаде дека за првпат по долго време учениците ќе имаат и учебници по странски јазици, што ќе придонесе за подобрување на наставниот процес.
Премиерот ѝ се заблагодари на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за целиот труд што таа го вложи во досегашниот нејзин мандат, а посебна благодарност упати и до градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој, како што нагласи, неуморно работи само за доброто на општината.
До учениците и наставниците премиерот испрати порака со две главни вредности:
– Учете со љубов, ама не заборавајте дека најважни се семејството и татковината – порача премиерот.
На крајот, тој им посака на најмладите ученици успешна учебна година, исполнета со радост и нови знаења.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
