Background

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.

Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат на сила од 1 септември.

Промените во постапките за одобрување на возила се: одобрување тип на возило за сите негови варијанти и изведби според Системот за целосно одобрување на тип на возило (WVTA), освен ако импортерот не побара поинаку.

- Advertisement -
Ad image

Единечно одобрување ќе се врши исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во државава и немаат одобрение за тип во ЕУ. Тоа ќе се прави преку Биро за метрологија.

Возила со претходно одобрен тип во ЕУ или во државава немаат потреба од посебна постапка за единечно одобрување и директно одат во постапка за идентификација и оцена на техничката состојба.

Импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постоиевропско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип, а за останатите возила за кои немаат возила не постои одобрение на тип во државава или не постои одобрение на тип во ЕУ, импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, ваквите возила ќе обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.

Според грубата пресметка, 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало – процесот сега ќе се регулира преку овластените застапници, домашни македонски компании.

Роковите за одобрување на тип во Бирото за метрологија ќе бидат скратени двојно, за побрза и поефикасна постапка, цените на услугите од Биро за метрологија ќе се регулираат со нов правилник, а потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат 40 до 50 евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation