Background

Утре започнува новата учебна година и ќе донесе целосна промена во македонското образование

Утре официјално започнува новата учебна 2025-2026 година, која ќе трае до 10 јуни, додека матурантите ќе ја завршат наставата на 15 мај. Министерството за образование и наука ги обезбеди учебниците за сите ученици, а за прв пат по седум години, учениците ќе имаат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански.

– Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми. Најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет – истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција.

Министерката нагласи дека со новиот Закон за учебници, во кој учествуваа сите засегнати чинители, се системски решени проблемите што се провлекуваа со години, нема предмети без учебници, нема доцнење на испораката и сите договори и авторски права се регулирани.

- Advertisement -
Ad image

Во делот на инфраструктурата, во последната година отпочнат е инвестициски циклус вреден 67 милиони евра. Дел од проектите се веќе завршени, додека другите се во фаза на реализација. Новиот електронски дневник со подобрени перформанси овозможува наставниците секогаш да се најават и внесуваат податоци.

– Вештачката интелигенција влегува во наставата. Изготвен е прирачник за наставници и ученици со инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели. Благодарност до професорите од Факултетот за информатика во Штип – додаде Јаневска, најавувајќи и обуки за наставниците на самиот почеток на учебната година.

Инклузивноста на образовниот систем е значително зголемена. Во основните училишта работат 1.346 образовни асистенти, а за прв пат, средношколците со посебни образовни потреби ќе имаат 130 образовни асистенти. Исто така, воведено е формално образование за деца на долготрајно болничко лекување, кои ќе можат да следат настава онлајн или индивидуално со наставник.

– Верувам во квалитетите на наставниците и очекувам мотивирани да ја започнат новата учебна година. Платите ќе бидат зголемени од 7,5% до 10% зависно од степенот на инфлацијата, за да се обезбеди реален раст – истакна Јаневска.

Новата учебна година нуди и поголема поддршка за талентираните ученици, вклучувајќи целосно покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади и професионално-кариерно насочување за сите ученици.

Според податоците од општините, учебната година ја започнуваат 245.000 ученици – 177.800 основци и 67.200 средношколци.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation