Едно лице е повредено синоќа во познатиот клуб „Топ Хил“ во Будва, кога за време на бура падна голем ЛЕД-екран врз публиката. Еден гледач заработи сериозна повреда на главата, по што со носилка беше изнесен и итно пренесен во болница.
Несреќата се случи додека во клубот се одржуваа борби во рамките на најбрзо растечкиот боречки спорт во светот – „bare knuckle fighting championship“ (BKFC). Силниот ветер и дождот ја прекинаа програмата, па организаторите беа приморани да ги одложат главните борби.
Будва синоќа беше домаќин на голем спектакл со борби на голи зглобови, кој дополнително доби на тежина со присуството на ѕвездата на ММА, Конор Мекгрегор. Публиката уживаше во серија атрактивни дуели, од кои многу завршија со прекини, но силното невреме ја расипа вечерта.
Заради безбедност, предвреме беа откажани двете најочекувани борби – Васо Бакочевиќ – Психо против Вилхелм Ото и Бојан Косендар против Петр Ражов, оставајќи голем дел од фановите разочарани.