Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема намера да поднесе предвремена оставка пред гласањето за доверба на владата, закажано за 8 септември.
Причина за гласањето е незадоволството на населението поради мерките за штедење предвидени во нацрт-буџетот за 2026 година, а премиерот Франсоа Бајру најави дека прашањето за доверба ќе се разгледа на вонредна седница на парламентот.
– Што се однесува до мене, јас верувам во демократија. Демократијата се состои во тоа луѓето да гласаат за одреден мандат. Мандатот што ми го доверија Французите, и никој друг, ќе биде исполнет до крај – истакна Макрон на прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Мандатот на актуелниот француски претседател истекува во 2027 година.
Tagged as:
Гласањето недоверба на владата не го тангира францускиот претседател
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
