Под влијание на циконска активност со центар над Џеновскиот залив, во петок и во сабота (29/30 август) целиот регион ќе биде зафатен од поројни врнежи, грмежи, силен јужен ветер а на повеќе места се очекува и појава на силни временски непогоди, проследени со многу дожд (над 50 л/м2 за кратко време) силен и бурен ветер, силни грмежи и громови, појава на крупен град а над Јадранот можна е и појава на пијавица (торнадо).
Ваквата временска состојба, и тоа поради продорот на многу поладен воздух кој од север преку Алпскиот регион ќе се спушти на Балканот и ќе се судри со многу потоплата воздушна маса од југ, ќе се создадат услови и за појава на Суперкелии.
Промена на времето за време на викендот ќе имаме и во нашата Македонија проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места кај нас, а локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите повторно ќе се намалат од петок, а кај нас во Македонија пад на температурите ќе има за време на викендот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
