Во врска со убиството во Кавадарци, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци врши увид на лице место во казиното каде настанал инцидентот. Се прибираат траги и докази, а првично задржани се четири лица. Издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа од Јавното обвинителство.Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.
– Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот, појасни докторот.
Tagged as:
Уапсени четири лица врска убиството во Кавадарци
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
