Пожар ја затвори границата, авион и хеликоптер во акција

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голем пожар изби во околината на Јажинце, при што патот кон граничниот премин со Косово е целосно затворен.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување на ширењето на огнената стихија. На терен се сите противпожарни екипи од Тетово, заедно со две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување.

Кон местото на пожарот се упатени и авион „Ер Трактор“ од Дирекцијата и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Фото: ЦУК

Поради интервенцијата, сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце, кај селото Рогачево, е во прекин во двата правци. Затворен е и граничниот премин Јажинце до понатамошно известување.

Властите апелираат до граѓаните да ја избегнуваат областа и да не го попречуваат движењето на службените возила. МВР, во координација со другите надлежни институции, презема мерки за целосно гаснење на пожарот и нормализација на сообраќајот, за што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Share This Article