Киев изврши масовен напад врз повеќе руски региони

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Остатоци од украински дронови предизвикале пожар во нафтена рафинерија во рускиот Волгоград, изјави гувернерот на градот во четвртокот, објави Ројтерс.

„Лукоил“, компанијата сопственик на рафинеријата, сè уште не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар за нападот.

Уништени 46 украински дронови

Воздушната одбрана пресретнала и уништила 46 украински дронови над руски региони и над Азовското Море изминатата ноќ, соопшти руското Министерство за одбрана, објави ТАСС.

Остатоци од дрон паднале на покривот на станбена зграда во јужниот руски град Волгоград. Остатоци паднале и во дворовите на 4 станбени згради во градот Славјанск-на-Кубан.

Според руското Министерство за одбрана, 15 дронови биле соборени над Брјанската област, 11 над Волгоградската област, 7 над Ростовската област, 5 над Краснодарската област, по два над Белгородската и Воронежската област, уште 2 над Крим и два над Азовското Море.

Остатоци од дрон паднале на покривот на зграда

Остатоци од дрон паднале на покривот на 16-катна станбена зграда во Волгоград; жителите биле евакуирани, изјави регионалниот гувернер Андреј Бочаров.

14 лица сè уште се наоѓаат во привремен центар за сместување, соопшти градската администрација.

Зградата се прегледува, воведени се привремени промени во работата на локалниот јавен превоз.

Остатоци од дрон паднале и во дворовите на 4 станбени згради и на околните површини во градот Славјанск-на-Кубан, без жртви, соопшти кризниот центар на Краснодарската област.

- Advertisement -
Ad image

На 2 згради им биле оштетени прозорците, а била прекината и електричната линија. Покривот на уште една зграда и помошни објекти, исто така, биле оштетени.

Кризниот центар претходно соопшти дека комбе „ГАЗела“ се запалило од паднати остатоци од дрон. Пожарот бил изгаснат, а жртви нема.

Share This Article