Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“ објавија дека поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, ќе биде независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар.
Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и од граѓанската иницијатива „398“.
Ивановска утринава ќе одржи прес-конференција пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градски Парк, на која ќе ја објави својата кандидатура.