Латино дивата и актерка Џенифер Лопез, која го прослави својот 56-ти роденден пред неколку недели, објави серија нови фотографии на Инстаграм – и со нив покажа никогаш не изгледала подобро.
Овој пат, таа се одлучи за комбинација која зрачи со познатиот француски шарм и сексапил. Џенифер Лопез носеше црно боди со долги ракави, црни хулахопки со впечатлив цветен дезен и вртоглаво високи црни потпетици. Својот изглед го комплетираше со кожена беретка, а она што особено го привлече вниманието на нејзините обожаватели беа нејзините извајани нозе и раскошни облини, со што ги „запали“ социјалните мрежи.
Коментарите под објавата беа полни со комплименти, а многумина го нарекоа ова нејзино „најдобро издание досега“. Еден од следбениците напиша: „Џеј Ло, ти си уметничко дело“, додека други истакнаа дека изгледа подобро од кога било во својата кариера, односно во својот живот.
Фотографиите собраа стотици илјади лајкови за кратко време, а модните критичари се согласуваат – со овој едиторијал, Џенифер Лопез уште еднаш покажа дека е вистинска икона на стилот и дека нејзиниот сексапил не избледел дури ни по децении поминати во центарот на вниманието.
Tagged as:
Џенифер Лопез облечена само во чипкани хулахопки и боди ги полуде мажите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
