Најмладата ќерка на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Ешли Бајден, наводно поднела барање за развод од својот сопруг, Хауард Крејн, по 13 години брак, објави списанието „Пипл“.
Таа е во брак со оториноларинголог и пластичен хирург, 15 години постар од неа, со кого се омажила во 2012 година, а сега наводно одлучила да стави крај на нивниот заеднички живот.
Таа поднела барање за развод во Филаделфија на 11 август, а истиот ден објавила фотографија на која шета во парк и покажува палец нагоре, алудирајќи дека сè е во ред. Подоцна ја избришала фотографијата, а со оваа објава на својата приказна на Инстаграм ја поставила песната „Слобода“ во изведба на Бијонсе.
На нејзиниот профил на Инстаграм можете да најдете и цитат што дополнително ги поттикнал приказните за развод: „Нов живот, нови почетоци значат нови граници. Нов начин на живот што нема да изгледа или звучи како порано“.
Таа не се огласила по повод овие наводи, а нејзиниот сè уште законски сопруг, Хауард, исто така молчи.
Нивната љубовна приказна започна во 2010 година, а се запознаа преку нејзиниот полубрат Бо Бајден. Свршувачката се случи во октомври 2011 година, а една година подоцна тие го кажаа судбоносното „да“ во католичката црква „Свети Јосиф“ во Гринвил, Делавер, со спојување на католичките традиции на невестата и еврејските на младоженецот. По церемонијата, околу 200 гости се собраа во семејната куќа на Бајден покрај езеро, каде што вечерата била сервирана во дворот.
Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS