Background

Северина прослави 35 години од матура

Учениците на Центарот за образование во областа на културата и образованието „Натко Нодило“ од генерацијата што дипломирала во учебната 1989/90 година се собрале за да прослават 35 години од завршувањето на средното образование на терасата на сплитскиот хотел „Амфора“.

Расположението, пишува „Слободна Далмација“, било одлично, а терасата на „Амфора“  одекнувала од весела смеа исто толку силна како и пред триесет и пет години.

Околу сто и педесет од поранешните ученици се одзвале на поканата да се дружат заедно, а не ги заборавиле ниту своите наставници, па на забавата ѝ се придружиле дури дванаесет од нив.

- Advertisement -
Ad image

Се прераскажувале сеќавања и анегдоти, а имало и по некоја солза радосница.

Во генерацијата славеници, најпознатото име е веројатно Северина Вучковиќ, која не ја криела својата среќа кога ги видела своите поранешни соученици од училиште.

Меѓу „матурантите“ имало и други успешни луѓе како директорката на Уметничката галерија Јасминка Бабиќ, архитектонската историчарка Ана Шверко, професорката од Кембриџ, Сандра Гуќ, поранешната шефица на протоколот на Кабинетот на претседателот Тина Жарков Тодтлинг, диригент Марија Рамљак, новинарката на ХРТ Франка Јовиќ Тонкли, гитаристот на култниот бенд Зинедин Зидан Деан Дергиќ и многу други за нас не многу познати имиња, но во Хрватска, очигледно, познати имиња од оваа успешна генерација.

Фотографии од прославата на матуртата можете да видите ТУКА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation