Кристијано Роналдо се вери со својата партнерка Џорџина Родригез, крунисувајќи ја нивната долгогодишна врска.
Кристијано и Џорџина се заедно од 2016 година, кога се запознаа во бутик на Гучи во Мадрид. Нивната врска привлече светско внимание уште од самиот почеток, а денес тие се еден од најпознатите парови на планетата.
Заедно имаат две ќерки – Алана Мартина (8) и Бела Есмералда (2). Роналдо е и татко на 14-годишниот Кристијано Џуниор, чија биолошка мајка никогаш не ја открил на јавноста.
Покрај тоа, тие ги имаат близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка. Џорџина ги одгледува сите како свои деца.