Ние сме првата Влада која директно вложува во општините за граѓаните повеќе од 300 милиони евра. Тоа е факт, а се останато се конструкции и невистини, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања з време на посетата на Општина Петровец.
Според Мицкоски, јавниот и државниот долг прв пат е намален за неколку проценти во последните 10 години.
-Јавниот и државниот долг прв пат е намален за неколку проценти во последните десет години. Тоа е факт и ќе продолжиме и понатаму да го намалуваме. Дефицитот во Буџетот годинава очекуваме да биде под четири отсто од БДП, а следната година да биде под три проценти. Тоа се макроекономските параметри по кои ММФ, Светска банка и кредитните агенции не оценуваат, потенцира премиерот кој денеска беше во посета на Општина Петровец.