Background

Поранешниот тениски ас Рафаел Надал (39) и неговата сопруга Мери Перељо (37) станаа родители по вторпат

Поранешниот тениски ас Рафаел Надал (39) и неговата сопруга Мери Перељо (37) станаа родители по вторпат.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Мери се породила на 7 август во болница во Палма де Мајорка, а семејството дискретно ја напуштило клиниката два дена подоцна.

Вториот син на парот го добил името Мигел – наводно во чест на таткото на Мери, кој починал пред две години по тешка болест. Иако брачната двојка досега не ја потврдила официјално веста, информацијата брзо се прошири во јавноста.

- Advertisement -
Ad image

Надал и Перељо веќе го имаат синот Рафаел Јуниор, кој сега има речиси три години. Со новиот член, семејството Надал стана четиричлено, а тенисерот – кој минатата година со емотивен говор се збогуваше со професионалниот спорт – сега е целосно посветен на приватниот живот.

Парот е познат по дискретноста кога станува збор за приватните моменти. Се венчаа во 2019 година на Мајорка, по 14-годишна врска, во интимна церемонија далеку од медиумите. И двете бремености на Мери беа внимателно чувани од очите на јавноста, со ретки појавувања и без споделување детали.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation