Не мислам дека е добро кој било именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом, порачува министерот за правда Игор Филков.
Тој во интервју за Пресс24.мк вели интерпелацијата за јавниот обвинител Љупчо Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите.
– Не мислам дека е добро било кој именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом. Наш приоритет е враќањето на довербата во правосудниот систем и зачувување на неговата независност и интегритет. Како Влада, сме цврсто решени да не дозволиме обвинителството да биде перципирано, а уште помалку да функционира како инструмент на било која политичка партија. Обвинителството мора да биде независно, професионално и ослободено од било какви притисоци, без разлика од каде доаѓаат – наведува Филков во интервјуто.
Според него, неодговорени останаа голем број случаи, особено оние што се однесуваат на висока корупција, што уште повеќе ја поттикнува перцепцијата дека правдата се применува селективно. Тоа, нагласува Филков, директно го нарушува кредибилитетот на обвинителството.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖