Славниот режисер Вуди Ален му испратил писмо за роденден на Џефри Епштајн додека бил жив, во кое детално ги опишал вечерите во куќата на осудениот сексуален предатор на Менхетен

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Славниот режисер Вуди Ален му испратил писмо за роденден на Џефри Епштајн додека бил жив, во кое детално ги опишал вечерите во куќата на осудениот сексуален предатор на Менхетен, чија куќа ја опишал како замокот на Дракула.

„Куќата на Џефри Епштајн на Менхетен беше како замокот на Дракула“, напишал познатиот режисер Вуди Ален во долгото писмо за роденденот до осудениот сексуален предатор.

Според документ во кое увид имал „Њујорк тајмс“, Ален (89) му го испратил писмото на Епштајн во 2016 година, но тоа дури сега го видело светлото на денот.

Во тоа писмо, Ален го пофалил Епштајн за неговата способност да поврзува мноштво „интересни луѓе“ на неговите раскошни вечери, на кои Ален, како што истакнал, редовно присуствувал со својата сопруга Сун-Ји.

Тој наводно напишал и дека „секогаш“ ги прифаќал поканите за настаните во раскошниот дом на Епштајн, седумкатна куќа од речиси 2.000 квадратни метри во срцето на Њујорк.

 

„Политичари, интелектуалци, магионичари, членови на кралското семејство…“

„Како соседи, мојата сопруга Сун-Ји и јас бевме поканети на вечера многупати“, напишал Ален, а потоа навел кој сè се дружел со Епштајн.

„Имаше широк спектар на интересни луѓе речиси секоја вечер. Политичари, научници, наставници, магионичари, комичари, интелектуалци, новинари, ентимолог, концертен пијанист.“

- Advertisement -
Ad image

Потоа детално опишал како изгледале тие вечери.

„Секогаш беше интересно, а масата беше богата и обилна. Многу јадења, голем избор, бројни десерти, добро сервирано. Велам добро сервирано, често од професионален готвач, а уште почесто од неколку млади жени, што ме потсети на замокот на Дракула каде што Лугоши имал три млади вампирки кои го опслужуваат. Додадете на тоа дека Џефри живее сам во огромна куќа, можете да го замислите како спие во влажната земја“.

 

- Advertisement -
Ad image

Ален, исто така, опишал и оброк кој му останал особено врежан во сеќавањето.

„Сан Ји и јас ручавме со некои многу искусни типови“, навел тој, а потоа продолжил: „Но, да се вратиме на храната“.

Според неговите зборови, кога првпат дошле нагости кај Епштајн, им бил послужен скромен оброк.

„Бевме поканети на вечера, а на списокот на гости беа бројни познати личности од новинарството, од телевизијата, дури и членови на кралското семејство. Нè однесоа во дневната соба каде што сите седеа и си разговараа пред да се послужи вечерата. Не се послужуваа пијалаци. Можевте да добиете само ако побарате. Тоа требаше да биде првата индикација.“

„Вечерата беше толку скромна што мојата сопруга и оние што седеа до неа почнаа да се жалат.

„Дали е тоа сè? Дали е ова сè што добиваме? Откако ќе си заминам, можеби ќе треба да одам во ресторан“, мрмореа тие, но ние не му кажавме ништо на домаќинот. И кога дојдовме следниот пат, мојата сопруга тактично рече: „Ќе има повеќе храна, нели?““, се присетил тој, а потоа продолжил:

„Мојата сопруга го натера Епштајн да готви дома“

„Поради нејзините забелешки, ситуацијата постепено се подобрувапе, следните вечери ни беа послужени купишта кинеска храна нарачана од локален ресторан, сервирана како шведска маса“.

Ален истакнал дека „сè му изгледало чудно за богат човек кој често беше домаќин на многу угледни гости“.

„Мојата сопруга продолжи да се противи, па затоа беше одлучено во иднина храната да се готви дома. Во исто време, прво ни послужија предјадење, а потоа главно јадење, поради што мојата сопруга повторно интервенираше и објасни кога што се сервира. Со текот на времето, таа го натера да стави неколку цвеќиња на средината од масата за трпезата да изгледа убаво и привлечно.“

Тој додал дека „тоа барало време и бројни корекции, но неговите оброци беа трансформирани во некакво чувство за нормална, цивилизирана вечера.“

„Големиот телефон и компјутерот од неговата десна страна навистина одземаа дел од опуштената атмосфера, но човек не може да има сè – не во замокот на Дракула“, заклучил Вуди Ален.

Неговото писмо крена многу прашина, но претставниците на режисерот за медиуми сè уште не одговориле на барањето за коментар.

 

Share This Article