Американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која се воведува дополнителна царина од 25% за Индија зашто купува руска нафта. Тоа ќе ја зголеми вкупната царина за увоз од Индија на 50%, една од највисоките што ги воведоа САД.
Трамп претходно предупреди дека ќе ги зголеми давачките за Индија, велејќи дека „на Индија не ѝ е гајле колку луѓе убива руската воена машинерија во Украина“.
„Дејствијата на Руската Федерација во Украина претставуваат постојана закана за националната безбедност и надворешната политика на САД. Увозот на руска нафта во Индија ги поткопува напорите на САД да се спротивстават на штетните активности на Русија. Со увозот и последователната препродажба на руска нафта на пазарот од страна на Индија дополнително ѝ се овозможува на економијата на Руската Федерација да ја финансира својата агресија во Украина“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Индија ги критикуваше американските царини, во услови кога самите САД продолжуваат да тргуваат со Русија. Минатата година, трговијата на САД со Русија изнесувала околу 3,5 милијарди долари, и покрај строгите санкции и царини.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖